За четири проценти паднале продажните цени на производителите на индустриски производи за една година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0.5 %, а на годишно ниво за 4.0 %.

Во декември 2023, во споредба со ноември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.

Во декември 2023, во споредба со декември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 19.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 11.6 %.

Можеби ќе ве интересира...

Јавен веб портал за контрола на превозниците на патници

BiznisPRO

Идните инженери со голем интерес за можностите за пракса и вработување во БРАКО

BiznisPRO

Владата ја ограничи цената на пелетите на 27 000 денари за тон

BiznisPRO