Запре производството на нафта во рафинеријата на најголемото нафтено поле во Либија

Производството во рафинеријата на најголемото нафтено поле во Либија, на југот на земјата, е прекинато.

Националната нафтена корпорација соопшти дека станува збор за „виша сила“, поради што работата на нафтеното поле Ел Шахар се прекинува.

„Виша сила“ е правен термин со кој се ослободува компанија од договорни обврски поради вонредна состојба.

Либија произведува повеќе од 1,2 милиони барели дневно, а Ел Шахара е најголемото поле во земјата, способно да произведува 300.000 барели дневно.

Од компанијата изјавија дека преговорите со демонстрантите се во тек со цел што поскоро да се обнови производството.

Локалните медиуми објавија дека жителите на пустинскиот град Убари, на околу 950 километри јужно од Триполи, го затвориле нафтеното поле поради протестите поради недостигот на гориво.

Тие, исто така, побараа обнова на инфраструктурата и поправка на патиштата во југозападниот регион Фезан, откако претходно во јули минатата година го затворија нафтеното поле на два дена.

Можеби ќе ве интересира...

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

BiznisPRO

Не е првоаприлска шега – Ново значително намалување на дизелот од полноќ

BiznisPRO

ПАДНА ОДЛУКА: Поскапуваат горивата – бензинот симболично, дизелот повеќе!

BiznisPRO