Затворија 150 фабрики за облека за еден ден: Работниците бараа повисоки плати, па добија отказ, а тројца загинаа

Производителите на облека во Бангладеш денеска затворија 150 фабрики на неодредено време, бидејќи полицијата обвини 11.000 работници во врска со насилните протести со барање за зголемување на минималната плата, соопштија официјални лица.

3.500 фабрики за облека во Бангладеш сочинуваат околу 85 отсто од годишниот извоз во вредност од 55 милијарди долари, а меѓу оние кои набавуваат од оваа земја се и некои од водечките светски брендови, вклучувајќи ги Levi’s, Zara и HandM.

Условите за работа се многу тешки за многу од четирите милиони работници во овој сектор, од кои огромното мнозинство се жени чии почетни месечни плати изнесуваа речиси 75 долари.

Насилните протести за подобри плати избија минатиот месец. Оттогаш, според полицијата, најмалку тројца работници се убиени, а повеќе од 70 фабрики се ограбени или оштетени.

Комисијата назначена од Владата во вторникот ги зголеми платите во овој сектор за 56,25 отсто на 114 долари, но работниците го отфрлија и побараа минимална плата од 210 долари.

Во четвртокот, 15.000 работници се судрија со полицијата на клучниот автопат и ја ограбија модерната фабрика Тусуку и десетина други објекти.

Можеби ќе ве интересира...

„Газпром“ планира да ги намали инвестициите за 20 проценти

BiznisPRO

Мексико ја престигна Кина

BiznisPRO

Еден од најголемите производители на алкохолни пијалоци во Европа прогласи банкрот

BiznisPRO