фото jannonivergall / pixabay

Зголемен прометот во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември
2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 101.6.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември
2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 0.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка
за 8.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 % и Tрајни производи за
широка потрошувачка за 6.9 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2023 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува
85.8, додека во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на периодот јануари – декември 2022 година,
изнесува 102.2.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2023 година, во однос на декември 2022
година, изнесува 99.9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2023 година, во
однос на декември 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 1.9 % и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 7.9 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.2 % и Tрајни
производи за широка потрошувачка за 7.4 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2023 година, во однос на ноември 2023
година, изнесува 106.2, додека во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на периодот јануари –
декември 2022 година, изнесува 101.9.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2023 година, во однос на декември 2022
година, изнесува 102.3.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2023 година, во
однос на декември 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 0.4 %, Tрајни производи за широка
потрошувачка за 5.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.6 %, додека опаѓање бележи кај
Интермедијарни производи, освен енергија за 0.8 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2023 година, во однос на ноември 2023
година, изнесува 79.7, додека во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на периодот јануари – декември
2022 година, изнесува 102.2.

Можеби ќе ве интересира...

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

BiznisPRO

Погледнете како ја следеше нејзиниот работодавец: Отпуштена затоа што не пишувала доволно додека работела од дома

BiznisPRO

Шефовите на германските компании имаат лоши вести

BiznisPRO