Поскапи и елките

Германците за Божиќ и Нова Година ќе треба да одвојат малку повеќе пари за елката, велат од расадниците. Цената беше поттикната од повисоките трошоци за работна сила и транспорт.

„Во последниве месеци, инфлацијата погоди многу сектори, вклучително и индустријата за новогодишни елки“, изјави за ДПА Еберхард Хенеке од Федералната асоцијација на расадници за новогодишни елки.

Хенеке проценува дека цената на елките ќе се движи меѓу 21 и 29 евра за метар, што е за едно евро повеќе од лани.

Неопходна е „мала корекција на цената“, објасни тој, за да се компензираат повисоките трошоци и да се обезбеди постојан квалитет на дрвјата.

Од здружението велат дека вредноста на елката за празнување на празниците ја оправдува цената. Влажната пролет и долгите горештини и суши не го нарушија квалитетот на елките.

Во последните години, Германците купуваа меѓу 23 и 25 милиони новогодишни елки по сезона.

Можеби ќе ве интересира...

Малта и Ирска водат: трговски суфицит на еврозоната во јуни 23 милијарди евра

BiznisPRO

Копнениот персонал на Луфтханза најави штрајк: Ќе опфати седум германски аеродроми

BiznisPRO

Не им требаат оние со плитки џебови: Познатиот бренд го става клучот во бравата на 150 продажни места

BiznisPRO