Рудник САСА продолжува со поддршката за одржливост на рибниот фонд на езерото Калиманци

Благодарение на тековната финансиска поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ набави дополнителна количина риба за порибување на езерото Калиманци. Во оваа прилика извршено е порибување на езерото со околу 2000 килограми крап.

Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска поддршка наменета за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци. Дополнителни финансиски средства се донираат и за набавка на потребната опрема за извршување на активностите на „Шаран“.

Оваа соработка со здружението на риболовци од Македонска Каменица е само еден дел од активностите кои Рудник САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржлив развој.

Можеби ќе ве интересира...

Индекси на цените во земјоделството, февруари 2024 година

BiznisPRO

„Тиквеш“ и лозарите ја развиваат партнерската соработка со цел подобрување на продуктивноста во секторот

BiznisPRO

МЗШВ: Исплатени 455,3 милиони денари кон 1771 сточар за обележани грла овци постари од 12 месеци

BiznisPRO