Европските берзи се соочуваат со првата загуба по осум недели

На европските берзи утринава цените на акциите паднаа и се соочуваат со првата неделна загуба во последните осум недели, додека инвеститорите чекаат вести кои би можеле значително да влијаат на насоката на пазарот.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,5 отсто во 9:30 часот, така што е на пат да изгуби околу 0,8 отсто оваа недела.

Утринава лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,53 отсто, на 7.680 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,52 отсто, на 16.530 поени, а париски CAC за 0,68 отсто, на 7.399 поени.

Внимателност на инвеститорите
Инвеститорите се претпазливи пред извештајот на Евростат за инфлацијата во еврозоната во декември, што може да влијае на насоката на пазарот. На ова може да влијае извештајот на американските власти за вработеноста и растот на платите во САД во декември, кој ќе биде објавен во петок попладне.

Аналитичарите во анкетата на Ројтерс проценуваат дека во тој месец бројот на вработени се зголемил за приближно 170.000, што е помалку од 199.000 еден месец порано.

Пад на цените на акциите на азиските берзи
Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Индексот на азиско-пацифичките акции на MSCI, без Јапонија, беше во минус од 0,1 отсто околу 9:30 часот, откако ослабна четврти ден по ред.

Истовремено, индексот Никеи порасна за 0,3 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,1 и 0,8 отсто.

На самиот почеток на денешното тргување, повеќето индекси пораснаа, благодарение на корекцијата на цените на акциите по падот три дена по ред. Сепак, ситуацијата набрзо се промени, па индексите повторно паднаа на негативна територија.

Можеби ќе ве интересира...

Жителите на Британија може да останат без алкохол за Божиќ

BiznisPRO

Uber казнет со 10 милиони евра

BiznisPRO

Одлуки за цените на горивата во Македонија можеби ќе треба да се носат и на дневно ниво: Значително поскапуваат горивата, нафтата на светските берзи расте

BiznisPRO