Саудиска Арабија ја намали цената на нафтата

Саудиска Арабија ги намали цените на суровата нафта за февруари за сите купувачи, не само за азиските, како што беше вообичаената практика.

Азиските купувачи сепак го добија најзначајниот попуст од два долари за барел за сите видови нафта што ги извезува Ријад, објави на социјалната мрежа Икс аналитичарката Амена Бакр од компанијата Energy Intelligence.

Саудиската државна нафтена компанија Арамко, исто така, ја намали цената на суровата нафта за 2 долари за барел за северноамериканските купувачи, при што европските купувачи добиваат попуст од 1,50 до 2 долари за барел.

Ова намалување на цените е најголемо во последните 13 месеци, но во исто време и во согласност со очекувањата.

Истражувањето на Блумберг од пред еден месец покажа дека Aramco ќе ги намали цените поради зголемената конкуренција на азискиот пазар и поевтината сурова нафта од САД и Европа.

Можеби ќе ве интересира...

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ПОВТОРНО ПАЃААТ Ја поминаа „магичната граница“, а криптовалутите растат

BiznisPRO

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

BiznisPRO

Ново огромно поскапување на горивата: Бензинот поскапува за 3,50, а дизелот за 8,50 денари – еве колку чинат горивата сега

BiznisPRO