На четиричлено семејство му се потребни приближно 1.000 евра за да го преживее февруари

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка.

Со изнајмен стан од 60 квадрати минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денар и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.

Според податоците што ги објави ССМ, најголеми трошоци семејството има за храната и за пијалаците – 21.219 денари, потоа образованието и режиските трошоци. За транспорт месечно четиричлено семејство треба да издвои 4.956 денари, за рекреација и култура 4.245 денари, а за личната хигиена 2.912 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Време е за воведување на ред во издавањето на брзи кеш кредити

BiznisPRO

Скок на инфлацијата во Шведска

BiznisPRO

Повторно промени: Пензиониран на 67 години?

BiznisPRO