Контињери/ Махе, Индиски Океан / фото Biznispro

Контејнерите се трипати поскапи поради Хутите

Британските фирми рекоа дека се соочуваат со повисоки трошоци за испорака и одложувања до четири недели поради нападите на Хутите врз транспортните бродови во Црвеното Море.

Повеќе од една третина од компаниите анкетирани од Британските стопански комори (BCC) изјавија дека се погодени од споменатиот развој, а таа бројка се зголеми на повеќе од половина кога станува збор за извозниците.

Дополнителните трошоци би можеле да придонесат за генерално повисоки цени во економијата на ОК, предупреди BCC.

„Имаше одреден капацитет во транспортната индустрија да одговори на тешкотиите, што ни купи малку време“, рече шефот за трговска политика на BCC, Вилијам Бејн.

Сепак, додаде дека притисоците се се поголеми и поголеми и дека има малку време во кое трошоците се уште можат да се апсорбираат.

„Пренасочувањето на пратките околу Кејп Добра Надеж во јужна Африка додава дополнителни три до четири недели на времето на испорака, а некои компании пријавија зголемување на цените за повеќе од 300 отсто поради изнајмување контејнери“, соопшти BCC.

Можеби ќе ве интересира...

Инфлацијата во еврозоната е во опаѓање: Еве колку таа изнесуваше во јули

BiznisPRO

„Нов чекор кон одржлива иднина“ – Отворена првата фабрика на Тесла во Европа

BiznisPRO

Пиварницата ги зголемува цените

BiznisPRO