Стапи на сила втората фаза од законот за имиграција: Една четвртина од вработените во Германија се мигранти

Германскиот сојузен завод за статистика објави дека четвртина од вработените во таа земја се од мигрантско потекло. Податоците се однесуваат на вработени на возраст од 15 до 64 години во 2022 година.

Особено многу луѓе кои дошле на работа во Германија биле регистрирани во санитарниот сектор и угостителството – 60, односно 46 проценти. Учеството на тој дел од населението е натпросечно во транспортните и логистичките компании – 38 отсто, како и во градежништвото (36 отсто).

Нешто помалку од една третина од старателите имаат странски корени. Во 2022 година, меѓу лекарите имало 27 проценти, а во професиите за лична нега, вклучително и фризери и козметичари, 36 проценти.

Учеството меѓу наставниците е 11 отсто, додека во банките и осигурителните компании е 16 отсто, додека релативно малку луѓе од мигрантско потекло работат во полиција или правосудство – само шест отсто. Во Германија, инаку, на 1 март стапи на сила втората фаза од законот за имиграција, со кој државата пошироко ги отвора вратите за имигрантите со работни квалификации.

Граѓаните на земјите надвор од Европската унија, вклучително и оние од Западен Балкан, сега можат да се стекнат со право да бидат вработени доколку имаат најмалку две години работно искуство и признати работни или образовни квалификации во нивната земја.

Можеби ќе ве интересира...

Германските работодавци најавуваат отпуштања, но не треба сите да се плашат

BiznisPRO

Биткоинот падна на 69.000 долари

BiznisPRO

НИКАКО НЕМОЈТЕ ДА ГИ ИГНОРИРАТЕ: Овие знаци сугерираат дека вашиот телефон може да е заразен со малициозен софтвер

BiznisPRO