Мекдоналдс во Италија / фото Бизниспро

Мекдоналдс изгуби уште еден случај

Американскиот ланец за брза храна Мекдоналдс го загуби правото да го користи името „Биг Мек“ за своите пилешки производи.

Општиот суд на Европската унија со седиште во Луксембург во средата (5-ти јуни) соопшти дека и забранил на компанијата да го користи популарното име за своите пилешки хамбургери, бидејќи Мекдоналдс не обезбедил докази дека го користела името пет последователни години.

Одлуката е донесена по повеќегодишен спор со ирската компанија Супермак, лансирана во 2017 година, поради употребата на името што Мекдоналдс го заштити уште во 1996 година за месни производи, вклучително и пилешко.

Претходно, Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија го одби барањето на Супермак, наведувајќи дека Мекдоналдс има право да го користи името Биг Мек за своите хамбургери, вклучувајќи ги и пилешките, па ирската компанија поднела тужба, јавуваат агенциите.

Супермак е ирска компанија, која започна со работа во 1978 година.

Нивната понуда вклучува говедско и пилешки производи, вклучувајќи хамбургери, сендвичи и крокети.

Ова не е конечна одлука, бидејќи може да се обжали до Судот на правдата на Европската унија, највисокиот европски суд.

Можеби ќе ве интересира...

НЛБ haPPy, вистинска картичка за среќа: Загарантиран поврат на средства со секоја безготовинска трансакција

BiznisPRO

Хрватската индустрија во февруари го зголеми прометот во однос на истиот период лани

BiznisPRO

Волстрит ослабе на почетокот на неделата

BiznisPRO