СЗО: По пандемијата доаѓаат уште пострашни проблеми

По завршувањето на пандемијата на коронавирусот, човештвото ќе се соочи со посериозни предизвици од претходно. Тие ќе бидат поврзани со сиромаштија, глад, нееднаквост, болести и климатски промени.

Ова го изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус во говор на 10. Глобална конференција за здравствена превенција во Женева, и ги повика владите да „промовираат економски раст заснован на здравјето и благосостојбата на луѓето и на планетата”.

– Кога ќе заврши пандемијата, ќе се соочиме со многу полоши предизвици од претходно: сиромаштија, глад, нееднаквост, болести, климатски промени, рече тој.

Според Гебрејесус, „пандемијата покажа дека ако здравјето е загрозено, тогаш сите се во опасност”. Во овој поглед, потребна е „фундаментална промена” во перцепцијата за вредноста на здравјето. Мора да се „охрабри” економски раст заснован на здравјето и благосостојбата на луѓето и на планетата.

Шефот на СЗО смета дека државите треба да се залагаат сите да имаат пристап до здравствени услуги, а ова човеково право е камен-темелник на социјалната, економската и политичката стабилност.

Можеби ќе ве интересира...

Швајцарската инфлација падна на 1,2 отсто во февруари, најниска од октомври 2021 година.

BiznisPRO

Инфлацијата во САД 3,1 отсто

BiznisPRO

Пред неколку дена Nvidia стана најтргувана акција на Волстрит

BiznisPRO