Мораториум на цената на струјата и парното во Бугарија од утре до 31-ви март 2022

Комисијата за енергетика на бугарскиот парламент ќе предложи од утре, 16-ти декември до 31-в март наредната година, цената на струјата и парното да биде замрзната и да нема нејзино поскапување за граѓаните.

Претходно, пратениците го прифатија предлогот на ГЕРБ, според кој цените за потрошувачите од домаќинствата треба да останат на ниво од 1-ви јануари 2021-ва година.

Нацртот на новата одлука ќе биде доставен на гласање на утрешната пленарна седница на парламентот.

Претходно, во текот на денот на темата се огласи и вицепремиерката и министерка за економија Корнелија Нинова, која за бугарската национална телевизија изјави дека голем број европски земји воведуваат такво замрзнување на цените за да ги заштитат своите граѓани.

Можеби ќе ве интересира...

Енормни поскапувања пристигнаа и во БиХ: 2,45 евра за литар масло за готвење

BiznisPRO

Грција воведува контрола врз странски компании

BiznisPRO

Програмерите „силно паднаа“ – Каква работна сила сега се бара во Хрватска?

BiznisPRO