Бесими: Во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска изјави дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор.

За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор, истакна Бесими, во врска со тоа дали се предвидени пари во Предлог-буџетот за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

Сојузот на синдикати на Македонија во неделата протестираше изразувајќи незадоволство од тоа што не е изгласан закон за прогласување на недела за неработен ден. Воедно, синдикалците побараа зголемување и на минималната плата на 18.000 денари, како и спирално зголемување на сите останати плати. ССМ побара и враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите вработени согласно Општиот колективен договор за јавен сектор и пензионирање по неколку основи.

Можеби ќе ве интересира...

Поскапуваат горивата – ова се новите цени

BiznisPRO

Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32%, блок тарифите даваат ефекти

BiznisPRO

Изминатото деноноќие произведени 16.178 MWh и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

BiznisPRO