АХВ: Констатирано присуство на птичји грип, ВМРО-ДПМНЕ непотребно да не ја вознемирува јавноста

Најостро го осудуваме денешниот обид на политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку соопштение непотребно да ја вознемири јавноста, бомбастично, квази стручно пласирајќи ја информацијата за појава на птичји грип во земјава и за наводното непреземање на мерки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, соопштија од АХВ.

Од таму соопштија дека ги чекаат финалните резултати од дополнителните молекуларни тестирања на база на секвенционирање за утврдување на патогеноста на вирусот на авијарна инфлуенца H5N1, кои ги врши Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

-Согласно меѓународно пропишаните дијагностички протоколи на Институтот, со дополнителните тестирања треба да се утврди поттипот на вирусот.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, присуството на вирусот H5N1 било констатирано вчера попладне, по поставениот сомнеж на авијарна инфлуенца и Њукастелска болест кај живината, со лабораториско испитување на мостри од 2 угинати лебеди и 1 дива патка од станбениот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани.

-Мострите за лабораториско испитување до Факултетот за ветеринарна медицина доставени се од лице од комплексот во Злокуќани. Птичјиот грип е зооноза и од неа, првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето кои подолго време имале контакт со заболена живина. Болеста може да предизвика големи економски загуби во живинарството, а кај птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, птичјиот грип предизвикува висока стапка на смртност, велат од АХВ.

Можеби ќе ве интересира...

EКО ПАРТНЕРС:Повеќе од 9,1 милиони фарми во ЕУ се семејни

BiznisPRO

МЗШВ: На 20-ти мај истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за поддршка при набавка на трактор

BiznisPRO

Албанија стави рампа за увоз на македонско свинско месо

BiznisPRO