Heineken ја зголемува цената на пивото

Heineken, вториот по големина производител на пиво во светот и производител на најпродавано пиво во Европа, ги зголемува цените, јавува Би-Би-Си.

Извршниот директор Долф ван ден Бринк истакнува дека зголемувањето на цените на суровините и енергијата е без преседан „и toa ја принудува компанијата да ги зголеми цените#.

Сè уште не е јасно колку ќе чини пивото.

На почетокот на овој месец, Carlsberg, исто така, објави дека ќе ги зголеми цените.

Компанијата вели дека трошоците за производство се зголемени за меѓу 10 и 20 отсто. Јачменот чинеше двојно повеќе од лани, а алуминиумот поскапе за 50 отсто. Расте и транспортот и трошоците за струја.

Изјавата дојде по силната година за холандскиот производител на пиво, во која нето приходите се зголемија за 11,3 отсто на 21,9 милијарди евра, а продажбата на пивото Heineken се зголеми за 17,4 отсто.

Добивката расте за 80 отсто, но резултатот годинава е „неизвесен“ поради повисоките трошоци.

Можеби ќе ве интересира...

Падна индустриското производство во еврозоната

BiznisPRO

Кинеската компанија го фаќа чекорот со „Тесла“ во однос на продажбата на електрични автомобили

BiznisPRO

Цената на вашата омилена храна вртоглаво расте

BiznisPRO