Украина го легализираше биткоин како валута

Украинската влада минатата недела го усвои законот за официјално легализирање на биткоин и други криптовалути. Според новиот закон, виртуелните средства се 100% легални. Луѓето во Украина можат да управуваат со криптовалутите и да имаат јасно дефинирани права, со конкретно дефинирани должности за сите кои работат на крипто пазарот.

Овој закон доаѓа во време кога САД и други европски земји предупредуваат на закана од Русија да навлезе во источна Украина. Во време на криза која ескалира националната валута на Украина забележа голем пад на вредноста на само 0,035 долари.

Американската влада и помагаше на Украина да ја одри економијата во живот, а странските инвестиции во земјата полека се повлеквуаа. Таквата несигурност предизвика многумина да се свртат кон инвестиции и донации во криптовалути.

Биткоин и другите криптовалути се одликуваат со волатилност од самата појава, па новиот закон на инвеститорите во биткоин ќе им понуди начин да излезат на суво од економијата која тоне. Останува да се види дали легализацијата на криптовалутите на крај ќе им помогне или ќе им наштети на луѓето во Украина.

Новиот закон беше презентиран во есптември минатата година, но претседателот на земјата стави вето на него и побара да се доработи за да ја задоволи уставната рамка за ефективен закон. Законот со новите амандмани беше поднесен и усвоен минатата недела.

Можеби ќе ве интересира...

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

BiznisPRO

Се нижат скандали со брзите кредити

BiznisPRO

Мирен ден на крипто берзата: Биткоинот денеска е нешто под 27.000 евра

BiznisPRO