Корисниците на некои руски банки го изгубија пристапот до Apple Pay и Google Pay

Картичките на некои руски банки повеќе не можат да се користат во странство, ниту за онлајн плаќања во земјите кои им воведоа санкции, а корисниците веќе немаат поддршка за мобилниот систем за плаќање на Google и Apple.

По нападот на Украина, Русија се најде под бројни санкции. Некои од овие санкции се однесуваат на банките и банкарството, а корисниците на руските банки ги почувствувале преку неможноста да користат популарни услуги на телефоните на Apple и мобилните уреди со Android, пишува Engadget.

Според Централната банка на Руската Федерација, како што пренесуваат технолошките медиуми, корисниците на некои од најголемите банки во Русија повеќе не можат да ги користат своите дебитни и кредитни картички со услугите на Apple Pay и Google Pay.

Ова се однесува на клиентите на VTB Group, Sovcombank, Novikombank, Promsvyazbank и Otkritie FC Bank. Корисниците на овие банки сè уште можат да ги користат нивните картички за купување на POS-апарати, но освен платниот систем на Apple и Google, нема да можат да ги користат за купување на веб-страниците на земјите кои прогласиле санкции и нема да можат да ги користат нив во странство.

На тој список ја нема Сбербанк, од која по објавувањето на санкциите рекоа дека ќе продолжат со досегашната работа, но дека детално ќе го проучат влијанието на санкциите.

Можеби ќе ве интересира...

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

BiznisPRO

Русија го изненади ММФ

BiznisPRO

Лагард: Европската централна банка веројатно ќе ги намали каматните стапки во текот на летото

BiznisPRO