Русија забрани извоз на житарки и шеќер: Мерката трае до крајот на август, проблемите на пазарите растат

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша указ за забрана за извоз на бел и суров шеќер до 31 август, како и извоз на одредени житарки во Евроазиската економска унија до 30 јуни.

Според Владата на Руската Федерација, забраната за извоз на житни култури се однесува на пченица, ‘рж, јачмен и пченка, пренесе Ројтерс.

Претходно, Министерството за економски развој соопшти дека Царинскиот поткомитет одобрил воведување забрана за извоз на житарки од Русија во земјите од ЕАЕУ до крајот на август.

Како што нагласи министерот за земјоделство Дмитриј Патрушев, жетвата на жита во Русија во 2022 година ќе изнесува 123 милиони тони, а маслодајни семиња 22,6 милиони тони.

Тој нагласи дека Русија целосно ги покрива сопствените потреби за сите главни видови производи.

Патрушев додаде и дека рускиот агроиндустриски комплекс работи нормално, а состојбата на пазарот на храна во земјава е стабилна.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот на ново највисоко ниво на сите времиња, ја проби магичната линија

BiznisPRO

Продолжува силниот пад на цената на нафтата на светските берзи

BiznisPRO

Волстрит ги чека новите одлуки на ФЕД: Индексите паѓаат, инфлацијата сè уште ги загрижува инвеститорите

BiznisPRO