Ценовен шок на пазарот: Нов драматичен скок на цената на нафтата

Цената на нафтата од утрото поскапе за 6 отсто. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава изнесува 109 долари, што е раст од 6 отсто во однос на вчерашниот ден. Од утрово барелот нафта на американскиот пазар се тргува по цена од 106 долари.

Во претходната недела цените на нафтените деривати паѓаа и достигнаа нивоа под 100 долари.

Денеска треба да се менуваат цените на бензините и кај нас. Сепак одлуката Регулаторната комисија ја носи анализирајќи ја цената на нафтата во последните пет дена што значи дека денешното поскапување нема да влијае на таа одлука.

Пазарот на криптовалути утрово е стабилен. Вредноста на биткоинот утрово е 40.000.

Можеби ќе ве интересира...

Одлична вест: Значително поевтинуваат горивата

BiznisPRO

Рускиот енергетски гигант Газпром планира да го намали обемот на својата инвестициска програма за 2023 година за 14 отсто

BiznisPRO

ОВА Е ПРИЧИНАТА: Позната компанија продава 1.000 пумпи ширум светот

BiznisPRO