Просечната плата во Србија е 558 евра, во Белград околу 700 евра

Просечната нето плата во Србија лани била 65.864 динари (558 евра), а највисоката во Белград била 82.132 динари (698 евра) во просек.

Најниски плати имале Бојничани кои во просек земале 45.019 динари (382 евра), како и жителите на Власотинце, Прешево, Ражањ и Сврљиг.

За споредба, во 2020 година просекот бил околу 60.000 динари или 511 евра. За една година платите номинално се зголемени за 9,6 отсто, пренесува Политика.

Просечната плата во јавниот сектор во 2021 година изнесувала 72.674 динари (617 евра).

Така, просекот во јавните државни претпријатија е 82.787 динари (703 евра), а во јавните локални претпријатија 63.183 динари (537 евра).

Вработените во администрацијата, на сите нивоа, во просек заработувале по 75.648 динари (643 евра), вработените во здравството и социјалната работа имале плата од 73.981 динари (628 евра), а во образованието и културата 66.323 динари (563 евра).

Просечната плата во Нови Сад била 75.773 (644 евра), а 62.494 динари (531 евро) за целиот регион на Војводина.

Можеби ќе ве интересира...

Албанската влада одлучи: Ќе ја легализираме марихуаната за медицински цели

BiznisPRO

Во јули и септември ќе пристигнат два нови авиони за Ер Србија

BiznisPRO

Инфлацијата во Хрватска од 4,1 отсто

BiznisPRO