Русија го ограничи пристапот до Google News

Рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор го ограничи онлајн сервисот за вести Гугл њуз (News.Google), обвинувајќи го дека обезбедува пристап до „лажни“ информации за руската офанзива во Украина, објавија денеска руските новински агенции.

Одлуката е донесена на барање на руското главно обвинителство, се наведува во соопштението на Роскомнадзор.

„Овој онлајн сервис за вести обезбеди пристап до бројни публикации и материјали кои содржат лажни информации… за развојот на специјална воена операција на територијата на Украина“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира...

Словенечките електрани мета на хакери

BiznisPRO

Дали Марк Цукерберг денеска ќе им подели откази на вработените во Мета?

BiznisPRO

Светски берзи: NVIDIA ја потврди титулата најважна компанија во светот

BiznisPRO