Пониска цена на црното злато: Денеска нафтата нешто поевтина

Цената на нафтата на светскиот пазар денеска падна за повеќе од шест долари поради стравувањата од пад на побарувачката за овој извор на енергија во Кина, откако во Шангај беше воведена блокада со цел да се потисне ширењето на корона вирусот.

Во Лондон, цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е помала од 5,97 долари и сега е 114,68 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 5,93 долари на 107,97 долари за барел.

И двата вида енергија на крајот на неделата се зголемија за 1,4 отсто.

Во Шангај беше воведена двонеделна блокада во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Пазарниот аналитичар од „SEB Bank“ Бјарн Шилдроп изјави дека поради блокадата во Шангај, побарувачката на нафта во Кина, која е најголем увозник во светот, се очекува да биде помала за 800.000 барели дневно во април во споредба со „нормалните “ нивоа.

Можеби ќе ве интересира...

Едноставен и ефикасен трик: Еве како да ја намалите сметката за греење

BiznisPRO

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

BiznisPRO

Минималната плата за оваа работа е 2.480 евра: Не е потребен факултет

BiznisPRO