Цените на нафтата во пораст: Ослободувањето на суровата нафта од стратешките резерви не го постигна саканиот ефект?

Цената на нафтата на светскиот пазар денеска порасна бидејќи ослободувањето на стратешките резерви на различни земји не успеа да ги ублажи стравувањата од последиците од конфликтот во Украина и немањето нуклеарен договор со Иран.

Во Лондон цената на суровата нафта од типот Брент од Северното Море порасна за 3,19 долари и сега изнесува 107,50 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е повисока за 3,46 долари и изнесува 102,73 долари за барел. И двата вида нафта претходно паднаа за повеќе од еден долар за барел.

Конфликтот во Украина ја зголеми загриженоста за снабдување во време кога цените на енергијата веќе беа високи.

– Ослободувањето на барели од стратешките резерви не ја пополни празнината предизвикана од санкциите воведени кон Русија – изјави пазарниот аналитичар од компанијата „ПВМ“ Стивен Бренол.

Можеби ќе ве интересира...

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО ЌОР СОКАК! Отпуштања фрчат во гиганти, а потребата од работници се зголемува, што се случува?

BiznisPRO

Хаос во нафтената индустрија: Нарушен пазар

BiznisPRO

(Галерија) Шел ја отвори првата бензинска станица во Македонија – еве како изгледа

BiznisPRO