САД ѝ продаваат авиони и опрема на Бугарија; Вредноста на зделката е 1,6 милијарди долари

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на борбени авиони „F-16 C/D Block 70“ и соодветна опрема на Бугарија за 1,673 милијарди долари.

Главен изведувач во овој бизнис би требало да биде компанијата „Локид Мартин“, соопшти Пентагон.

Барањето на Бугарија, како што е наведено од Пентагон, вклучува купување на четири авиони F-16 C Block 70, четири авиони F-16 D Block 70, 11 мотори, 11 подобрени генератори (iPDG) и 11 AESA AN / APG-83 радари.

Можеби ќе ве интересира...

За нив нема криза: Еве кој е најголемиот извозник на автомобили во Америка

BiznisPRO

Годишната стапка на инфлација во Германија во ноември беше потврдена на 3,2 отсто

BiznisPRO

Германците не сакаат жени за шефови

BiznisPRO