Од среда поскапува храната, маслото за јадење за 7 денари

Во среда завршува рокот на дел од антикризните мерки по што се очекува дополнително поскапување на основните прехранбени производи.

Според информациите на Сител, се очекува маслото за јадење на поскапи за 7 денари, а лебот за дополнителни 2 денари. Млекото би било поскапи за најмалку 3 денари, додека табла јајца и килограм ориз би добиле повисока цена за 5 денари.

Собранието во март ги усвои антикризните мерки предложени од Владата со кои се намалува ДДВ-то за основните производи за исхрана од 5% на 0% и се намалува акцизата на горивата, Владата на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10 отсто за одредени производи.

Со слободување на плаќање на ДДВ се опфатени лебот, брашното тип-400, шеќерот, маслото, кравјото млеко, месото, оризот и јајцата.
Според статистиката, во април производите на мало поскапеле за над 11%., а инфлицата достигна 10,5%.

Можеби ќе ве интересира...

Ново поскапување на горивата – Ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

BiznisPRO

Еве кога ќе биде исплатена февруарската пензија

BiznisPRO

Доаѓа исплата: Објавен е датумот кога ќе легнат пари на сметките на пензионерите

BiznisPRO