Нова цена на горивата

Утре Регулаторната Комисија за Енергетика, стандардно, како и секоја седмицс ќе ги утврдува новите цени на горивата.

Цените на нафтата на светските берзи се речиси идентични и без големи промени изминативе денови, па така барел од типот брент се продава за 92 долари, што може да укаже дека нема да има големи промени во цените.

Во моментов малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 денари/литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 91,50 денари/литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 103,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,50 денари/литар.

Сепак новите цени на горивата ќе бидат познати утре напладне.

Можеби ќе ве интересира...

Зголемена популарност на безалкохолните пијалоци: Германските пиварници во криза

BiznisPRO

Инфлацијата во Австрија најниска во последните две години

BiznisPRO

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

BiznisPRO