Зголемена популарност на безалкохолните пијалоци: Германските пиварници во криза

Продолжува кризата на германските пивари со продажбата.

И минатата година, пиварите со вкупно 8,4 милијарди литри продале околу 4,5 отсто помалку пиво отколку во 2022 година, објави заводот за статистика.

Така, по благ пораст пред две години, повеќегодишниот тренд продолжува. Главните причини се демографскиот развој во Германија и зголемената популарност на безалкохолните пијалоци.

Продажбата на пиво во Германија е намалена за повеќе од една четвртина од 1993 година.

Извозот со намалување на обемот од 5,9 отсто лани забележа поголем минус од продажбата на пиво на домашниот пазар, која е намалена за 4,2 отсто.

Здружението на пивари ја нарече 2023 година црна година за германската индустрија за пиво.

Според здружението, пиварниците се под притисок на високите трошоци, помалиот интерес на потрошувачите и притисокот на цените од трговците на мало.

Можеби ќе ве интересира...

Ќе работат 4 дена во неделата: Вработените во оваа земја ќе може да ги исклучуваат телефоните за време на викендите и ќе можат да ги игнорираат пораките од шефовите

BiznisPRO

Тие сакаат да ја врзат границата на пензија со животниот век

BiznisPRO

Годишната стапка на инфлација во Франција е 3,7 отсто

BiznisPRO