Маск се назначи за извршен директор на Твитер

Американскиот милијардер и сопственик на Space X и Tesla Motors, Илон Маск, се именуваше за нов извршен директор на Twitter, откако го распушти одборот на директори и најави ново реструктуирање.

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави, повикувајќи се на извори блиски до Маск, дека неговиот тим планира да отпушти околу 25 отсто од работниците во првиот круг од реструктуирањето.

Адвокатот Алекс Спиро, долгогодишен правен застапник на Маск, ги водеше дискусиите за претстојните отпуштања, пренесува „Танјуг“.

Откако ја презеде контролата врз Твитер минатата недела, Маск ги отпушти главните директори на компанијата, вклучувајќи го извршниот директор Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика, Виџеј Гад.

Маск, исто така, го распушти одборот на директори на Твитер и се назначи себеси за единствен член на одборот, се вели во поднесокот до американската Комисија за хартии од вредност.

Маск подоцна објави на Твитер дека распуштањето на одборот е „само привремено“.

Маск минатата недела ја презеде контролата врз оваа социјална мрежа за повеќе од 44 милијарди американски долари.

Можеби ќе ве интересира...

Ги надмина очекувањата на Волстрит: „Џенерал моторс“ во четвртиот квартал од 2023 година приход од 42,98 милијарди долари

BiznisPRO

Ќе легнат ли пари кај пензионерите до Нова година? – Помошта која ја најави владата би можела да стигне и порано

BiznisPRO

Членките на ЕУ купуваат значително повеќе руски гас отколку пред инвазијата на Украина

BiznisPRO