Владата на седница го усвои буџетот за 2023

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 98-ма седница, го усвои Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, предложен од Министерството за финансии.

Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари, приходите е предвидено дека ќе бидат 282,05 милијарди денари, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари.

На седницата е усвоен и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Можеби ќе ве интересира...

Нова фриленсерска дружба оваа среда во Стартап Клуб Скопје

BiznisPRO

Кој е најдобро платениот Македонец: Месечно зема плата од близу 200.000 евра

BiznisPRO

Наместо на полици, маслото го криеле во магацин – 17.000 евра казна за маркетот кој ги условувал купувачите да направат сметка од 800 денари за да добијат масло

BiznisPRO