Австрија ја намали зависноста од рускиот гас на 21 отсто

Преку различни мерки, пред се преку диверзификација, Австрија значително ја намали зависноста од рускиот гас од претходните 79 отсто на 21 отсто, соопшти австриското Министерство за енергетика.

Според регулаторното тело Е контрола, уделот на рускиот гас во февруари изнесувал 79 отсто, а Австрија, како што се наведува во соопштението, успеала да ги замени испораките од Русија кои сега изнесуваат 21 отсто.

Така, Австрија изнајми 40 терават часови капацитет на гасовод за Германија и Италија.

Тоа и овозможи да увезува гас од Норвешка, како и течен природен гас и помали количини гас од Северна Африка и Централна Азија.

Направивме огромен чекор во ослободувањето од зависноста од рускиот гас, изјави министерката за енергетика Леоноре Гевеслер, која воедно им се заблагодари на граѓаните за заштедата на енергија.

„Сè уште не сме стигнале до крајот на патот, да бидеме целосно независни, бидејќи ќе бидеме само кога ќе можеме целосно да се справиме без рускиот гас“, објасни таа.

Можеби ќе ве интересира...

Започнувате домино ефект? Колапс на светскиот банкарски систем во сенка

BiznisPRO

ЕУ размислува за ограничување на цените на струјата

BiznisPRO

„Тесла“ повлекува повеќе од 80.000 возила од патиштата во Кина

BiznisPRO