Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија

Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“.

-Еден од најголемите проект е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и претставувањето лажна слика преку документација на обврзниците кои ја даваат пред УЈП, рече Лукаревска.

Таа рече дека за овој проект треба поголем период на тест фаза, за да може даночните обврзници да се навикнат на овој проект.

-Паралелно се трудиме да воведеме и е-фискализација. Со тоа, ќе овозможиме да се направи даночен информациски систем, проект кој ќе биде дел од интегриран информациски ситем за управување со јавните финансии, истакна директорката на УЈП.

Таа кажа дека во борбата со сивата економија придонесуваат и договорите потпишани преку „Отворен Балкан“ за размена на податоци, бидејќи полесно се откриваат фирмите со неколку седишта кои затајуваат данок.

Можеби ќе ве интересира...

Лоша вест – повторно поскапување на горивата

BiznisPRO

ЕСМ: Произведени 11.446 MWh струја, 100% покриени потребите на домаќинствата

BiznisPRO

Град Скопје дели до 62.000 денари за клима уреди – еве како да се пријавите

BiznisPRO