Македонија и Германија го зголемија контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт

Македонско – германска мешовита комисија за транспорт составена од претставници од надлежните министерства се согласија за поголема соработка меѓу Македонија и Германија со цел развој на товарниот транспорт.

На средбата се потпиша Протокол во кој е предвидено зголемување на контингентот на дозволи со што ќе придонесеме за унапредување и продлабочување на стопанската соработка помеѓу двете земји.

Зголемување на контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт се однесува за следните категории: билатерала, транзит и за и од трети земји.

Можеби ќе ве интересира...

Стоп за казината до училиштата – Донесен нов закон со кој автомат клубовите и другите игри на среќа ќе мора да бидат на растојание на 500 метри од училиштата

BiznisPRO

Комерцијална Банка царува во банкарскиот сектор – дуплирана е добивката за 100 отсто

BiznisPRO

Индекси на прометот во секторот Трговија

BiznisPRO