Америка расте

Американската економија порасна за 4,9 отсто на годишно ниво во третиот квартал, објави денеска американската Канцеларија за економски анализи (БЕА).

Американската економија во вториот квартал порасна за 2,1 отсто на годишно ниво.

Растот на БДП во третиот квартал првенствено се должи на повисоките трошења и инвестиции во залихи, растот на извозот, трошоците на државата и локалната власт, трошењето на федералната влада и фиксните инвестиции во станбени објекти, се наведува на веб-страницата БЕА.

Зголемен е и увозот, што негативно придонесува за растот на БДП.

Денешната проценка за растот на БДП се базира на нецелосни податоци, а втората проценка за третиот квартал, врз основа на подетални податоци, ќе биде објавена на 29 ноември.

Американската централна банка ФЕД претходно објави дека очекува американската економија да порасне за 2,1 отсто оваа година, објавија медиумите.

Можеби ќе ве интересира...

Профитот на саудискиот нафтен гигант Арамко падна за 25 отсто на 121 милијарда долари

BiznisPRO

Копнениот персонал на Луфтханза најави штрајк: Ќе опфати седум германски аеродроми

BiznisPRO

Стотици бензински пумпи во Германија на работ на банкрот, луѓето масовно купуваат гориво во Полска

BiznisPRO