Данска е земја со најголем данок на доход: Објавени податоци во која група се наоѓа Македонија

Даночните оптоварувања значително се разликуваат низ Европа, а тие оптоварувања за работниците се повисоки во западноевропските, поразвиени земји.

Според американската „Даночна фондација“, европските работници со просечна плата во 2022 година издвојуваат една третина од својата плата за даноци.

Како што јави Еуроњуз, земјите со најголем данок на доход се Данска (55,9 отсто), Австрија (55 отсто), Португалија (53 отсто), Шведска (52,3 отсто) и Белгија (50 отсто). Од друга страна, земјите со најнизок данок на доход се Романија (10 проценти), Бугарија (10 проценти), Босна и Херцеговина (10 проценти) и Северна Македонија (10 проценти).

Зошто Данците имаат највисок данок на доход
Изненадувачки, на многу Данци не им пречи да плаќаат многу данок на доход. Впрочем, тоа го сметаат за инвестиција во колективната иднина на државата и општеството или начин да се обезбеди одреден квалитет на живот. Треба да се напомене дека минатогодишниот Светски извештај за среќа ја рангираше Данска како втора најсреќна земја во светот четврта година по ред.

Високите даноци обезбедуваат секој поединец да има еднакви можности, што значително ги намалува економските и социјалните оптоварувања.

Така, високото образование е главно бесплатно, а поддршката продолжува на работното место, каде што вработените имаат право на 52 недели родителско отсуство, од кои 32 недели ги плаќа државата. Данскиот модел на пазарот на трудот, наречен „флексигурност“, овозможува флексибилност за работодавците и сигурност за работниците.

Даночната агенција е институцијата на која Швеѓаните најмногу и веруваат
Состојбата во Шведска е слична како во Данска, на населението не им пречи што скапо плаќаат јавни услуги. Шведската даночна агенција (Skatteverket) е една од најдоверливите и најпочитуваните агенции во земјата. Причината за тоа е што оваа институција е вклучена во речиси секој аспект од животот на граѓаните.

Пониски даноци во Југоисточна Европа
Еуроњуз пишува дека пониските даночни стапки во Југоисточна Европа, што важат и за Босна и Херцеговина, се начин за привлекување инвестиции. Се смета дека станува збор за земји со поевтина работна сила, пониски производствени трошоци и неискористени можности. Некои од земјите на југоисточниот дел на континентот имаат најбрзо растечки економии.

Сепак, некои земји, вклучително и Романија, се обидуваат да ги зголемат даноците за вработените во софтверскиот сектор. Дополнително, се прават напори за укинување на ослободувањата од здравственото осигурување во градежништвото, прехранбениот и земјоделскиот сектор со цел да се зголемат даночните приходи.

Можеби ќе ве интересира...

Македонски фирми бараат работници – Дури 9.518 слободни работни места.

BiznisPRO

Цената на нафтата минатата недела се зголеми за два отсто

BiznisPRO

Французите добија дозвола: Ја напуштаат Русија – загуба од 1,2 милијарди евра

BiznisPRO