Фејсбук и Инстаграм ќе ги означат сите слики што се создадени со вештачка интелигенција

Мета, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, соопшти дека планира да ги означи сите слики на своите платформи за социјални медиуми кои се создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ).

Мета, која исто така е сопственик на веб-страницата за социјални медиуми Threads, веќе ја става ознаката „Замислено со вештачка интелигенција“ на сите слики создадени со помош на сопствената алатка за вештачка интелигенција Мета АИ, според Sky News.

Компанијата изјави дека веќе градат „алатки водечки во индустријата“ кои ќе им овозможат да препознаваат невидливи маркери во слики генерирани со вештачка интелигенција кои доаѓаат од други сајтови како Google, OpenAI, Microsoft или Adobe.

Новите правила ќе почнат да се применуваат во наредните месеци кога ќе воведат означување на социјалните платформи Facebook, Instagram и Threads.

Мета наведува дека ознаките ќе бидат на „сите јазици“.

Можеби ќе ве интересира...

Се продлабочува распадот на крипто пазарот: Тетер падна под доларот

BiznisPRO

Погледнете како ја следеше нејзиниот работодавец: Отпуштена затоа што не пишувала доволно додека работела од дома

BiznisPRO

PayPal отпушта уште 2.500 вработени поради зголемената конкуренција

BiznisPRO