Германската индустрија ги подобрува синџирите на снабдување

Германската индустрија продолжува да ги реструктуира своите синџири на снабдување, настојувајќи да го намали ризикот од прекини како оние во изминатите неколку години.

Речиси три петини од домашните компании, 58 отсто од нив, во истражувањето на Ifo изјавиле дека минатата година ги прошириле синџирите на снабдување и пронашле нови добавувачи, според Економскиот институт Ifo.

Во електронската индустрија тој удел достигна 80 проценти, а третина од анкетираните компании планираат да ја прошират својата база на добавувачи.

Андреас Баур од Ifo оцени дека „реструктуирањето на синџирите на снабдување на германската индустрија се уште се одвива со полна пареа, и покрај значителното олеснување на пречките и тесните грла во набавката на материјалите“.

Според истражувањето на Ifo, 45 проценти од индустриските компании ги зголемиле резервите во магацините во 2023 година, иако само една од осум планира да го стори тоа во иднина.

Други 44 проценти од фирмите ја подобрија контролата на синџирот на снабдување, а во автомобилската индустрија, 34 проценти почнаа да произведуваат само полупроизводи што претходно ги купуваа од добавувачите.

Можеби ќе ве интересира...

Јапонија за малку избегна рецесија

BiznisPRO

Проблеми со петата врата: Џенерал моторс повлекува 820.000 камиони продадени во Америка

BiznisPRO

Бизнис на векот: Оваа земја чинеше само еден долар, но носи милијарди

BiznisPRO