Инфлацијата во Чешка падна на 2,3 отсто, најниска од 2021 година

Инфлацијата во Чешка значително забави на почетокот на годината и падна од 6,9 отсто во декември на 2,3 отсто во јануари во споредба со истиот месец во 2023 година, што е најниска стапка од март 2021 година, објави Националното биро за статистика.

„Тоа е добра вест. Тоа значи крај на двегодишните поскапувања, крај на стресот за чешките граѓани и компании. Тоа значи крај на неизвесноста, крај на поскапувањата. Тоа го гледаме на различни ставки како што сега се прикажува. Ќе предупредам за многу дискутираните цени на намирниците. Намирниците поевтинуваат од година во година за речиси четири отсто“, изјави денеска на прес-конференција чешкиот премиер Петр Фијала, пренесува Бета.

За забавување на инфлацијата во јануари најмногу придонесоа цените на енергијата и трошоците за домување, на пример гасот поевтини во однос на јануари минатата година за 6,5 отсто, а јагленот за 2,9 отсто.

Инфлацијата се приближи до целта на Чешката народна банка во јануари, но гувернерот Алеш Михал предупреди дека каматните стапки ќе останат високи се додека не стане јасно дека инфлацијата трајно се одржува на околу два отсто.

Очекуваме и сите експерти се согласни, очекуваме раст на реалните плати, па нешто што луѓето веднаш ќе го почувствуваат во своите буџети“, рече Фијала.

Чешка заостанува во економското закрепнување по енергетската криза и инфлацијата предизвикана од рускиот напад врз Украина, а долги месеци имаше една од највисоките стапки на инфлација во Европската унија.

Можеби ќе ве интересира...

Годишната стапка на инфлација во Франција се зголеми

BiznisPRO

Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на доларот: Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци

BiznisPRO

Институтот за меѓународни финансии прогнозира пад од 15 проценти на руската економија

BiznisPRO