Годишната стапка на инфлација во Франција се зголеми

Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во Франција во декември порасна на 3,7 отсто од ноемвриските 3,5 отсто.

Ова денеска го соопшти Францускиот национален институт за статистика и економски студии – INSEE.

Инфлацијата е во пораст пред се поради побрзиот раст на цените на енергијата и услугите, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Цените на енергијата во Франција во декември пораснаа за 5,6 отсто на годишно ниво, забрзувајќи од ноемвриските 3,1 отсто, а цените во услужниот сектор пораснаа за 3,1 отсто на годишно ниво наспроти ноемвриските 2,8 отсто.

Во Франција, во исто време, цените на храната се зголемија за 7,1 отсто на годишно ниво, што е најбавно темпо во последните 17 месеци.

На месечно ниво цените во Франција се зголемени за 0,1 отсто во однос на ноември.

Можеби ќе ве интересира...

Се ослободува од акциите и инвестира во нови сектори: Одлуките на Гејтс се сигнал за пазарна криза

BiznisPRO

Не им требаат оние со плитки џебови: Познатиот бренд го става клучот во бравата на 150 продажни места

BiznisPRO

Германците не сакаат жени за шефови

BiznisPRO