Ја турна цената на златото: Индексот на доларот најнизок во последните 3 месеци

Индексот на доларот (DXY), кој го споредува американскиот долар со просечните вредности на шест други водечки валути, вклучувајќи ги еврото, фунтата и јенот, според меѓународната берза ICE, падна под 103,3 поени, што е најниско ниво во последните три месеци.

Американската централна банка ФЕД на последниот состанок ја задржа референтната каматна стапка во опсег меѓу 5,25 и 5,5 отсто, а некои инвеститори очекуваат дека ФЕД би можела да ја намали каматната стапка во март следната година.

Светските цени на златото денес се на највисоко ниво во последните шест месеци од повеќе од 2.000 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама).

Како што објави CnbcTV18, цената на златото порасна пред се поради слабеењето на доларот бидејќи трговците веруваат дека американската централна банка ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки во САД и дека тие веќе го поминале својот врв.

Можеби ќе ве интересира...

Се гласаше за воведување на 13-та пензија – Оваа држава организираше референдум

BiznisPRO

Силен раст на доларот, фунтата долго не била толку блиску

BiznisPRO

Мирен ден на крипто берзата: Биткоинот денеска е нешто под 27.000 евра

BiznisPRO