Ќе се преиспитува работењето: Најголемата крипто берза размислува за ЦЕЛОСНО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД РУСИЈА

Најголемата светска берза за криптовалути, Binance, ги разгледува своите операции во Русија и би можела целосно да се повлече од оваа земја, објави Wall Street Journal.

Ги разгледуваме сите можности, а една од нив е целосно повлекување од Русија, изјави претставник на крипто берзата Binance под услов да остане анонимен.

На 26 август, Binance им оневозможи на Русите да тргуваат со која било валута освен рубљата преку услугата P2P (peer-to-peer, „од личност до личност“, без посредник на размена), а тоа се случи откако беше објавено дека Binance сè уште поддржува картички на санкционирани руски банки, Сбербанк и Тинкоф, пренесува Комерсант.

Како што е наведено на каналот Baza Telegram, во таа прилика било предложено Binance да им дозволи на руските граѓани да ги носат парите преку граница.

Можеби ќе ве интересира...

Луксузен кварт во срцето на Европа буквално никнува во морето: Распродадено – цена до 120.000 евра за метар квадратен

BiznisPRO

СТИГНАА БОНУСИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Поради инфлацијата компаниите им исплаќаат на вработените значителни суми

BiznisPRO

Нема надеж: германскиот производител на автомобили кој сакаше да гради фабрика во Тетово сепак пропаѓа

BiznisPRO