Брисел/фото Бизниспро

Невработеноста во еврозоната повторно е на историски најниско ниво од 6,4 отсто

БРИСЕЛ – Невработеноста во еврозоната се намали во ноември од октомвриските 6,5 отсто на 6,4 отсто, што е историски минимум претходно постигнат во јуни 2023 година, објави денеска Евростат.

Сезонски приспособената стапка на невработеност во Европската унија, исто така, падна на 5,9 отсто во ноември од шест отсто во октомври, според веб-страницата на Евростат.

Според проценките, во ноември 12,954 милиони граѓани во Европската унија биле невработени, од кои 10,970 милиони биле во еврозоната.

Во споредба со октомври 2023 година, невработеноста паднала за 144.000 во Европската унија, односно за 99.000 во еврозоната. Стапката на невработеност на младите до 25 години падна на 14,5 отсто од октомвриските 14,8 отсто, како во ЕУ, така и во еврозоната.

Можеби ќе ве интересира...

Heineken ја зголемува цената на пивото

BiznisPRO

Џеф Безос ги продаде акциите на Амазон за околу 2 милијарди долари

BiznisPRO

Државата дели субвенции: Секој што ќе купи поново возило во Србија ќе добие до 2100 евра, зошто ваква мерка не се применува и кај нас?

BiznisPRO