Невработеноста во еврозоната во октомври 6,5 отсто

Невработеноста во еврозоната во октомври изнесувала 6,5 отсто, а во ЕУ шест отсто, и во двата случаи исто како и во септември, објави Евростат.

Во октомври во ЕУ имало 13,171 милиони невработени, од кои 11,134 милиони во еврозоната, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Бројот на невработени месечно се зголемува за 71.000 во ЕУ, односно за 48.000 во еврозоната.

Во октомври во ЕУ се регистрирани 2,881 милиони невработени млади под 25 години, а стапката на невработеност во оваа категорија изнесува 14,8 отсто.

Во еврозоната имало 2,380 милиони невработени млади луѓе, а стапката на невработеност во возрасната категорија до 25 години е 14,9 отсто.

Стапката на невработеност кај жените во ЕУ во октомври беше 6,4 отсто, а кај мажите 5,8 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на нафтата пааднаа под 82 долари

BiznisPRO

Драстичен пад на цената на нафтата на светските берзи, расте доларот

BiznisPRO

Пензионери подгответе се: Објавено е кога ќе легнат парите од февруарската пензија, а од март следува ново покачување!

BiznisPRO