Пензиите повеќе нема да се исплаќаат предвремено – Од сега ќе бидат достапни на први во месецот

Пензиите од сега ќе се исплаќаат редовно согласно законот, но не и предвремено како што беше до сега.

Праксата за предвремена исплата на пензиите започна за време на коронавирус кризата, па така граѓаните добиваа пензии и до 5-6 дена порано.

Согласно законот пензиите од сега се исплаќаат на 1ви директно од буџетот на државата на трансакциските сметки на пензионерите.

Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Можеби ќе ве интересира...

АмЧам ги зајакнува трговските односи на Северна Македонија и Грција

BiznisPRO

За поголем економски развој клучно е поголемо вклучување на женскиот лидерски потенцијал

BiznisPRO

Убава вест: Пензионерите од први следниот месец ќе добиваат плус до 1500 денари, покрај пензијата – Еве и на кои други категории граѓани им следува помош и до 3000 денари месечно

BiznisPRO