Поскапија горивата: Еве кои се новите цени

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 во понеделикот беа зголемени за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ- 1), се зголемија за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.09.2023 година и со тоа
малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 83,00 ден/лит.

Само да потсетиме дека ваквата одлука беше донесена во понеделникот, а овие цени ќе важат до следниот понеделник.

Можеби ќе ве интересира...

Во ноември: Годишен раст од 5,0% на вкупните депозити и од 9,6% на вкупната кредитна поддршка

Бизнис про

Во погоните на „Брако“ произведено ново иновативно возило од брендот „Green Machines“

Бизнис про

ТРГНА ИСПЛАТАТА: Пензионери, проверете ги сметките!

Бизнис про