РКЕ СО ОДЛУКА: Поевтинуваат некои од горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 27.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,504%, кај дизелот за 1,498%, кај екстра лесното масло за 3,794% и кај мазутот намалувањето е за 2,993%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,034%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,883 ден/кг.

Од 31.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)

Можеби ќе ве интересира...

Продолжи најголемиот антимонополски процес во САД во последните 25 години

BiznisPRO

Изминатите 24 часа произведени 10.489 MWh електрична енергија

BiznisPRO

Оваа банка ги исплати пензиите предвреме

BiznisPRO