Ви исплатија ли К-15? – Еве колкави се казните за фирмите ако не исплатат регрес за годишен одмор!

Работодавците од приватниот сектор кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, односно К-15, треба да се подготвени да платат казна и до 4.000 евра.

Ако и по плаќањето на казната тие и натаму ја игнорираат оваа обврска и не исплатат К-15, вработениот може да ги тужи и да го добие спорот, што ќе повлече обврска за работодавецот да ги подмири трошоците за водење на судскиот процес и да го исплати износот на регресот од најмалку 14.000 денари.

Притоа, предвидена е глоба од 2.000 до 3.000 евра, која би ја платило правното лице, додека парична глоба во висина од 500 до 1.000 евра ќе плати одговорното лице кај работодавецот.

Инаку, познато е дека обврската за исплата на регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15 беше воведен со измени на Општиот колективен договор за стопанството пред неколку години. Тој предвидува дека работникот има право на овој регрес само доколку работел најмалку шест месеци во текот на годината кај еден ист работодавец. Овој приход се исплаќа еднаш годишно најдоцна до 31 декември во годината.

Според пресметките на синдикатите, К-15 треба да добијат околу 300.000 работници од приватниот сектор.

Инаку, со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавец може да се утврди и регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. Се потенцира дека регресот за годишен одмор е право на работникот, така што работодавецот треба да донесе одлука само за висината на регресот за годишен одмор, а не и за правото на овие надоместоци. Кога не е донесена одлука за висината, работодавецот има обврска да ги исплати износите предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.

Оваа година за прв пат после долги години К-15 ќе има и за администрацијата, државниот сектор и образованието од по 10.000 денари.

Можеби ќе ве интересира...

На Машинскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје се отвори Саемот за пракса и вработување

BiznisPRO

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

BiznisPRO

Волмарт и Крогер во паника: Германскиот гигант ја освојува Америка

BiznisPRO