Европската централна банка одлучи за три клучни каматни стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека одлучила да ја задржи каматната стапка на главните операции за рефинансирање на 4,5 отсто.

Како што се наведува во соопштението на веб-страницата на банката, Управниот одбор на ЕЦБ одлучи трите клучни каматни стапки да останат на исто ниво, така што каматата на маргиналната кредитна линија да остане на 4,75 отсто, а каматната стапка на депозитите останува на 4,00 отсто.

Септемвриската инфлација значително се намали, делумно како резултат на базниот ефект, а минатите зголемувања на каматните стапки сè уште значително се пренесуваат на условите за финансирање.

Ова ја намалува побарувачката и помага да се намали инфлацијата, според ЕЦБ.

Управниот одбор на ЕЦБ смета дека клучните каматни стапки се на нивоа кои доколку останат високи доволно долго, значително ќе придонесат за посакуваното намалување на инфлацијата до два отсто, се заклучува во соопштението на ЕЦБ.

Можеби ќе ве интересира...

Пад на стапката на инфлација во Германија

BiznisPRO

Volkswagen минатата година ја надмина Tesla по продажба на нови електрични возила во Германија

BiznisPRO

ЗГАСНУВА БИЗНИСОТ: Престанаа да се испраќаат писма, а компанија која работи повеќе од 60 години ги прекина летовите

BiznisPRO