фото Ханс/Pixabay

Компанија одлучи: „Бесплатно сместување во Тенерифе е можно – под еден услов“

Полската компанија Fotoeid (PhotoAid) им дозволува на своите вработени да престојуваат бесплатно до три недели во нејзиниот стан во Тенерифе, но да работат додека се таму.

Работниците можат да останат и да работат во Тенерифе неколку пати годишно, во зависност од побарувачката на другите колеги, пренесува CNBC.

„Фотоеид“ на своите вработени им плаќа и половина од цената на авионскиот билет за Тенерифе еднаш годишно во износ до 225 евра.

Цените за шестчасовен лет од Варшава до Тенерифе започнуваат од околу 138 евра.

Fotoeid е мала компанија со млада работна сила, така што повеќето вработени немаат деца, но оние со потомство се среќни да ги искористат придобивките од станот во Тенерифе во текот на летото кога училиштата се затворени.

Вработените можат да ги доведат и своите партнери во Тенерифе, но секој случај се разгледува посебно.

Компанијата има 143 вработени, а околу 50 работници веќе престојувале во стан во Тенерифе.

„Забележав дека мојата продуктивност во Тенерифе се зголеми. Сакав брзо да ги завршам работните обврски за да имам време да бидам на плажа“, вели Александра Старомиејска, вработена во Fotoeid.

Можеби ќе ве интересира...

Промени на глобалната берза: Вредноста на еврото падна во однос на американскиот долар

BiznisPRO

Работата од дома добива на интензитет: неколку светски компании им ја нудат и таа опција на вработените

BiznisPRO

Американската централна банка сè уште предвидува три намалувања на каматните стапки оваа година и покрај инфлацијата

BiznisPRO